Европскиот првак се изрезили во Атина само со 4 поени во четвртина (Видео)

ЦСКА Москва загуби убедливо во Атина од Олимпијакос со 72:59, а клуч на неуспехот на актуелниот европски првак беше катастрофалната игра во третиот период од мечот.

Популарните Армејци постигнаа само 4 поени за 10 минути, што е еден од најлошите ефекти во историјата на Евролигата. По првото полувреме ЦСКА водеше со 34:33, а потоа им се случи потоп. Го загубија следниот период со 21:4 и веќе немаа можност да се извадат, па го претрпеа осмиот пораз сезонава.

Костас Папаниколау со 19 поени беше прв стрелец кај Олимпијакос, а еден поен повеќе за гостите постигна Мајк Џејмс, но и тоа не беше доволно за победа на фаворитот.

Олимпијакос ја забележа десеттата победа во Евролигата и има шанси за пробив во Топ-8.

- Оглас -

Најнови вести