Европските екипи ќе доминираат на клупскиот Мундијал, ефикасни мечеви ќе има во Норвешка, Шведска и Литванија (Фото)

6708 Интер – Флуминензе (21:00)

Фудбалерите на Интер ја имаат фаворитската улога во мечот против Флуминензе во осминафиналето на Светското клупско првенство. Од европскиот претставник, воедно и финалист на последното издание на Лигата на шампионите, се очекува да победи против составот од Бразил и така да дојде до пласман помеѓу најдобрите осум екипи во светот. Интер на ова првенство веќе ги победи Ривер Плата у Урава, но изненадувачки одигра 1-1 против Монтереј, додека Флуминензе славеше само над Улсан, а ремизираше против Борусија Дортмунд и Мамелоди.

Предлог тип: 1 & 1+ второ (1.94)

 

6733 Манчестер сити – Ал-Хилал (03:00)

Манчестер сити на Светското клупско првенство оди на се или ништо и тука го гледа спасот на сезоната во која не освоија нитуеден трофеј. Освојувањето на клупскиот Мундијал ќе биде утеха за Пеп Гвардиола и „граѓаните“, па се освен победа против Ал-Хилал ќе биде уште едно разочарување за нив. Сепак, екипата од Саудиска Арабија не е наивна, веќе одигра 1-1 против Реал Мадрид, но Манчестер сити е фаворит на денешниот меч.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.61)

 

2508 Бран – Сандефјорд (19:00)

Фудбалерите на Бран се фаворити во мечот од норвешкото првенство против Сандефјорд, Разликата помеѓу двете екипи е пет бода, а Бран моментално е третопласиран на табелата. Последниот меч на кој Бран беше домаќин заврши со нивна победа од 2-1, додека на гостувањето немаше победник, 2-2.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.87)

 

3623 Банга – Кауно Жалгирис (18:00)

Лидерот во првенството на Литванија, Кауно Жалгирис, гостува кај осмопласираната екипа на табелата во лига која брои 10 екипи. Гостите се и најефикасната екипа оваа сезона во Литванија со 31 гол на 17 меча, па најсигурната опција за овој меч е да се одигра на голови.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.00)

 

2607 Мјалби  – Малме (19:00)

Едно од првенствата во Европа кое изобилува со голови, секако дека е шведското. Очекувањата од екипите на Мјалби и Малме се дека ќе одиграат ефикасен меч, а головите ќе ги има најмалку три.

Предлог тип: 3+ (1.84)

- Оглас -

Најнови вести