Европските прваци се моќни, ја затворија сесијата пријателски мечеви со победа од 4:0 (Видео)

Португалците, актуелните европски прваци, со победа од 4:0 против Израел ја затворија сесијата пријателски мечеви за сите учесници на Европското првенство и потврдија дека се подготвени за атак на нов вреден пехар.

Во генералната проба пред настапот на ЕП, Кристијано Роналдо и соиграчите рутински го совладаа Израел, а клучни беа головите во финишот на двете полувремиња.

Бруно Фернандеш постигна по еден во последните минути и во првото и во второто полувреме, а стрелци беа и Кристијано Роналдо и Жоао Кансело.

https://twitter.com/AllezAllezAIlez/status/1402726037692293122?s=20

Вториот гол на Фернадеш и последен на мечот беше вистински еврогол, а посебна причина за радост има и Роналдо. Тој го одигра 175-тиот меч за Португалија, што е втор најголем број на натпревари на фудбалер за својата национална селекција, а со голот во 44-тата минута сега има 104 погодоци за актуелните европски шампиони.

https://twitter.com/br_goal/status/1402710283630546950?s=20

Повеќе голови од него има само Али Даеи, кој даде 109 гола за Иран, што е рекорд.

 

- Оглас -

Најнови вести