Европските прваци со такси отидоа во салата, па го добија дербито на Евробаскетот

Словенија ја совлада Литванија со 92-85 во дерби-натпреварот од групата Б на Евробаскетот.

Лука Дончиќ (14 п., 10 ас., 6 ск.), Мајк Тоби (24 п., 8 ск.) и Горан Драгиќ (19 п.) беа тројцата најзаслужни за победата на актуелните европски шампиони. Кај Литванија најефикасни беа Кузминскас со 19 и Григонис со 18 поени.

Словенците имаа непријатност на неколку часа пред ова големо дерби, кое се играше во германскиот град Келн, бидејќи пред хотелот не им дојде автобусот, па мораа со такси да заминат кон салата.

Малку порано попладнево во грузиската престолнина Тбилиси, Турција ја победи Црна Гора со 72-68. По мечот, Црногорците се жалеа дека биле оштетени од судиите. Ларкин со 18 и Осман со 15 поени беа најефикасни во победничкиот тим, а Дубљевиќ со 18 и Симоновиќ со 13 се истакнаа кај Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести