Европските репрезентации се големи фаворити на денешните мечеви од женското ракометно СП

Денеска се играат осум натпревари на женското Светско ракометно првенство кое се одржува во Норвешка, Данска и Шведска и на сите мечеви фаворити се европските селекции. Бранител на трофејот е Норвешка, која пред две години во финалето славеше над Франција со 29:22.

Женскиот Мундијал започна вчера со убедливи победи на фаворитите како Норвешка, Бразил и Шпанија и трилер-натпревар во кој Австрија ја совлада Јужна Кореја со 30:29.

 

Денеска ќе играат фаворити како Франција, Холандија, Унгарија, Германија.
Натпреварите ќе се играат во два термина, првиот е од 18 часот и ќе играат Германија – Јапонија, Црна Гора – Камерун, Холандија – Аргентина и Словенија – Исланд.

Во вечерниот термин исто така ќе се одиграат четири меча на кои својот прв настап ќе го има еден од фаворитите за медал, Франција. Французинките на стартот ќе играат против Ангола, а во останатите мечеви ќе играат Чешка – Конго, Унгарија – Парагвај и Полска – Иран.

- Оглас -

Најнови вести