Фаабрегас со „играч-газда“ улога во новиот клуб

Цес Фабрегас на 34 години одлучи кариерата да ја продолжи во Италија. Потпиша двегодишен договор со второлигашот Комо, а доби улога на играч-сопственик откако откупи и дел од акциите на клубот.

Амбициите на Комо се да стигне до елитата во Калчото во блиска иднина, токму Цеск ќе биде лидер на тимот во остварување на тие цели, а дополнително ќе помага како акционер.

„Точно е дека поседува дел од клубот. Цеск сакаше и на таков начин да влијае, што значи дека ќе се задржи подолго од предвиденото, дури и кога ќе му заврши играчкиот договор“, истакна претседателот Денис Вајс.

Во богатата кариера, Фабрегас играше за Арсенал, Барселона, Челзи и последно Монако, а сега за првпат ќе се проба во италијанскиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести