Фабрегас се откажа од 2 милиони фунти за да му помогне на Монако

Сеск Фабрегас донесе одлука да ги донира сите пари од следните 4 месечни плати за да му помогне на својот сегашен клуб Монако полесно да ја прегрми кризата.

Првично Фабрегас прифати намалување од 30 проценти, но сега приреди уште поголем гест и се откажа од околу 2 милиони фунти во име на клубот.

Сеск објави дека неговата 95-годишна баба има корона-вирус и дека тоа најмногу го поттикнало да се откаже од четири плати. Дел од парите ќе се искористат за плати за вработените во клубот од Малото Кнежевство.

Фабрегас е член на францускиот прволигаш од лани, кога во јануари 2019 потпиша тригодишен договор со Монако.

- Оглас -

Најнови вести