Фајнал-форот во СЕХА е далеку за пелистерци

Реваншот од четвртфиналето на СЕХА лигата помеѓу Мешков Брест и Еурофарм Пелистер на 29-ти август во Белорусија, изгледа ќе биде само шанса за битолчани да му дадат што поголем отпор на противникот кој речиси сигурно ќе биде учесник на финалниот турнир. Вечерва во празната сала „Боро Чурлески“, Мешков победи со 31-27.

Мандалиниќ со 9 гола, од кои шест од седум метри, беше најефикасен во македонскиот тим, додека Периќ даде 6 гола. Кај гостите, Кашпарек даде 8 гола, Ваилупов даде 6, а некогашниот вардарец Скубе имаше 5 гола и три асистенции. На овој меч во првото полувреме имаше дури три црвени картони.

Шанса за место на фајнал-форот ќе има и Вардар 1961, кој на 26-ти август го игра првото четвртфинале против ППД Загреб.

- Оглас -

Најнови вести