Фали Рамадани станува главна фаца во Милан

Фали Рамадани ќе биде во фокусот оваа седмица, а за утре има договорено состанок со челниците на Милан и ќе преговара за условите под кои Анте Ребиќ би останал кај Росонерите на подолг период, а истовремено во летниот трансфер-период би дошол и Лука Јовиќ од Реал Мадрид.

Рамадани ги застапува и Ребиќ и Јовиќ, како и дузина познати светски фудбалски ѕвезди и е еден од најдобрите фудбалски менаџери на планетата.

Милан има опција да ја плати отштетната клаузула од 25 милиони евра за неверојатниот Ребиќ, кој игра фантастично по рестартот на сезоната во Серија А.

Анте пристигна во Милан како позајмен играч од Ајнтрахт Франкфурт, а за него Росонерите платија 5 милиони евра и можат да доплатат уште 25, па потоа да склучат и подолгорочен договор со Хрватот. Тука во игра влегува Рамадани, кој треба да „избоксува“ што подобри услови, плата, бонуси и уште неколку работи при евентуалното потпишување на договор со кој Ребиќ ќе продолжи да игра за Милан.

Желба на раководството на Росонерите е на „Сан Сиро“ да пристигне и Лука Јовиќ, најверојатно како позајмен играч од Реал Мадрид, а и тука клучна ќе биде улогата на Рамадани.

 

- Оглас -

Најнови вести