Фановите го изгласаа најдобриот играч на сезоната во Премиер лигата

Додека се чека конечната разврска кога, односно дали воопшто англиската Премиер лига ќе продолжи со натпреварување, британскиот Би-би-си преку онлајн анкета им овозможи на фудбалските фанови да го одберат идеалниот состав за оваа сезона и воедно најдобриот играч во шампионатот. За некои е изненадување, но најмногу гласови доби Џордан Хендерсон. Капитенот на Ливерпул оваа сезона се истакна најмногу од сите и дефинитивно е меѓу најзаслужните за походот на Црвените кон шампионската титула.

Во идеалниот тим има едно изненадување, а се вика Бруно Фернандеш. Играчот за врска на Манчестер јунајтед одигра само пет лигашки меча по трансферот на „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок, но двата погодоци и трите асистенции беа доволни да му гарантираа место во најдобите 11.

Инаку, Ливерпул доминира во идеалниот состав со Алисон, Александер-Арнолд, Ван Дајк, Робертсон, Хендерсон, Салах и Мане, додека тука уште се и дефанзивецот Сојунчу од Лестер, како и Де Бројне и Агуеро од Манчестер сити. За менаџер на сезоната разбирливо е изгласан Јирген Клоп.

- Оглас -

Најнови вести