Фановите на Њуелс во транс: Со парада го повикуваат Меси да потпише (фото)

Навивачите на аргентинскиот прволигаш Њуелс олд бојс, ги окупираа улиците на Розарио и со парада го повикуваат Лионел Меси да се врати во клубот од детството. Со слоганот „Твојот сон е наша желба“, фановите на Њуелс му порачаа на Меси да го облече дресот на клубот каде што почна да го изучува фудбалскиот занает.

Меси пред неколку дена ја шокираше јавноста со својата одлука да ја напушти Барселона по речиси 20 години и огромен број на титули и признанија. Своевремено и самиот Меси тврдеше дека еден ден сака да игра за Њуелс, клубот за кој навива уште од детските денови.

Сепак, за да се случи тоа Меси ќе треба да прифати далеку пониска плата од моменталната, а на 33 години нема сомнежи дека капитенот на Барселона може да игра за голем клуб и на врвно ниво, при тоа да биде финансиски задоволен.

- Оглас -

Најнови вести