Фановите на Сити не ги интересира Купот: „Вембли“ ќе биде полупразен за финалето

Актуелниот англиски првак Манчестер сити се мачи да ги продаде предвидените билети за финалето во Карабао купот против Астон вила. На фановите не им е интересно што нивниот тим трета година во низа ќе се бори за пехарот во лигашкиот Куп, па најавено е дека „Вембли“ ќе биде полупразен за финалето, особено „голи“ ќе бидат трибините од страната на Сити.

Спасот го гледаат во фановите на Астон вила, кои се обидуваат на секаков начин да дојдат до билет за да го гледаат својот тим како се бори за трофеј против големиот Сити. Навивачите на Вила ги купуваат билетите кои не се продаваат, па ќе биде интересно да се види како нивните бои преовладуваат на целиот стадион наместо да биде поделено како во минатите години.

Сити и порано се мачеше со продажба на билети дури и за натпревари од Премиер лигата, а воедно најавија дека ќе даваат гратис билети за финалето на сите фанови кои присуствуваа завчера во победата над Вест хем. Фактот што заврши борбата за шампионската титула ги натера навивачите да останат дома наместо да дојдат на стадион и да бодрат.

Тимот на Пеп Гвардиола во изминатите две сезони двапати триумфираше во Карабао купот, а ниту еден тим досега не го освоил пехарот три години во низа. Финалето е закажано на 1 март.

 

- Оглас -

Најнови вести