Фановите немаат дилеми: Шпанија го намести натпреварот со Јапонија за да ја исфрли Германија

Репрезентацијата на Јапонија вчера вечерта приреди вистинска сензација со победата од 2:1 над Шпанија, и тоа со пресврт притоа освојувајќи го првото место во групата Е на Светското првенство во Катар и со тоа предвреме ја испрати Германија дома и ги натераа фудбалските фанови сè погласно да зборуваат за теорија на заговор.

Јапонците никогаш досега не успеале да слават над поранешен светски шампион за време на Мундијалите, а во изминатите десетина дена победија дури два, Германија и Шпанија, и тоа на идентичен начин. Јапонците и во двата натпревари против европските репрезентации губеа на полувреме за во вториот дел да постигнат два гола и да слават.

За фудбалските фанови не е спорна играта на Јапонците, туку на Шпанија, и тврдат дека Фуријата намерно загубила.

https://twitter.com/VaMusaka/status/1598410266395525122?s=20&t=sYWSQUf3srO_uCicGnNuiQ

Шпанија со освојувањето на второто место во групата, во осминафиналето ќе игра против Мароко, кој неколку часа пред дуелот на Фуријата со Јапонија го освои првото место во групата Ф пред Хрватска. Исто така Шпанија со „откажувањето“ од првото место на табелата во својата група, избегна и евентуална четвртфинална пресметка со Бразил.

Иако неколку минути висеа со пласманот во осминафиналето бидејќи Костарика поведе против Германија, но на крајот сè добро се заврши за Шпанците, по што фудбалските фанови на социјалните мрежи почнаа да зборуваат за теорија на заговор.

„Натпреварот меѓу Јапонија и Шпанија е наместен“, е главната поента на фудбалските фанови кои се огласија на „Твитер“.

„Шпанците го наместија натпреварот бидејќи мислам дека им е полесно да играат против Мароко, а притоа ја искористија можноста да се одмаздат за поразите на Барселона од германските екипи“.

https://twitter.com/market_kind/status/1598552173625110528?s=20&t=PdhTHgABbprodwj4dYqcYA

„Шпанија го намести натпреварот за да исфрли еден од конкурентите за титулата“.

„Шпанија ја предаде Германија. Требаше да ги победи Јапонците, но не сакаше“.

„Сигурен сум дека не сум единствен што смета дека натпреварот помеѓу Јапонија и Шпанија е наместен“.

„Јапонија не победи, туку Шпанија одлучи да загуби“.

 

- Оглас -

Најнови вести