Фантастичен тикет во Топанско Поле донесе добивка од 35.000 евра: Драмата во Лисабон со среќен крај (Фото)

Вложи 20 евра, а на крајот од викендот стана побогат за околу 35.000 евра. Обложувач од Топанско Поле уплати фантастичен тикет, нареди и погоди 21 натпревар и го заокружи викендот со неверојатна добивка од 2.118.335 денари.

Откако погоди најголем дел од натпреварите во петокот и во саботата, останаа пет меча од неделната програма и понеделнички да го чека Милан. И како што минуваше времето, се редеа погодоците, па пред крајот остана можеби и најлесното, да го погоди „кецот“ на Спортинг Лисабон, кој се бори за титула во првенството на Португалија.

И кога ќе помислиш дека е најлесно, тогаш работите се комплицираат. Жил Висенте имаше водство од 0-1 до 81-вата минута, кога Араухо израмни на 1-1. На Спортинг Лисабон му требаше за титула, а на нашиот обложувач да продолжи тикетот за добивка од околу 35.000 евра.

И кога сака – сака. Во 93-тата минута Едуардо Кварезма постигна победнички гол за радост и во Лисабон, но и во Топанско Поле. Тикетот продолжи, па остана уште Милан во понеделникот.

Му беше потребно Милан да не загуби и на мечот да бидат постигнати два гола. Но, Џенова поведе со голот на Витиња во 61-вата минута. Сепак, му олесна кога Рафаел Леао израмни во 76-тата минута, а веќе во следниот напад и Милан дојде до водство.

За 35.000 евра вреди да се испотиш… Ако треба и неколкупати.

 

- Оглас -

Најнови вести