Фантастично: Навивачите на Келце им го осветлија патот на ракометарите кон Париз (Видео)
Полскиот првак верува дека ќе ги одбрани 10-те голови предност против ПСЖ и ќе стигне на фајнл форот во Келн

Ракометарите на Келце го приредија најголемото изненадување во првите мечеви од четвртфиналето во Лигата на шампиони, откако убедливо со 34:24 го победија првиот фаворит за трофејот Пари Сен Жермен. Иако многумина очекуваа францускиот првак лесно да се справи со Келце, на првиот меч во Полска, домаќините победија со 10 голови разлика.
Од ПСЖ веруваат дека на реваншот во Париз ќе успеат да ја стигнат оваа огромна негатива, но и Полјаците се оптимисти. Навивачите на Келце направија фантастична атмосфера и со факели и песна ги испратија ракометарите, нешто што ретко се гледа во ракометот.
Келце едноставно покажа дека има и фантастични навивачи.
Así nos han despedido hoy en Kielce!!! Best fans ever!!! @kielcehandball 🙌🏼🙌🏼👏🏻👏🏻 #balonmano #dawajdawaj #gramyrazen pic.twitter.com/Ynu1qKIfDB
— Ángel Fernández (@Angel_F32) May 3, 2019