Фармацевтите не ги боли глава и во услови на Ковид-19 – Го продолжија договорот со клучниот играч

Чилеанскиот репрезентативец Чарлес Арангис го продолжи договорот со Баер Леверкузен до 2023 година и му симна еден проблем настрана на Питер Бош.

Тренерот на популарните Фармацевти инсистираше клубот да го задржи 31-годишниот играч за врска, кој според него е еден од клучните играчи во тимот.

Интересно е што Арангис малку и одлговлекуваше со потписот и чекаше неговиот агент Фернандо Феличевич да биде присутен при потпишувањето на новиот договор. Феличевич не успеа да долета во Германија поради затворените граници во услови на пандемија со Ковид-19, па Арангис одлучи да не чека повеќе.

„Среќни сме што Чарлес го продолжи договорот со нас. Тој е една од важните алки во клубот“, изјави Бош.

Арангис е еден од најдбрите асистенти сезонава во Баер, зад Фоланд и Хаверц, а клубот од Леверкузен се уште е во игра за титулата, ако сезоната се доигра.

Остануваат уште 9 кола, најавено е дека наскоро Бундеслигата ќе продолжи, а Баер со 47 бода е на петтото место со 8 бодови помалку од лидерот Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести