Фарски Острови испишуваат историја во европските купови

Шампионот на Фарски Острови, екипата на Клаксвик, е пријатно изненадување во европските купови на УЕФА. Клаксвик е најтрофејниот клуб во оваа земја со 18 титули и шест куп-трофеи. Сепак, кога се работело за излез на европска сцена, екипите од Фарски Острови биле синоним за „топовска храна“, но веќе не е така.

Клаксвик почна во квалификациите од Лигата на шампионите, каде што за противник го доби Бодо/Глимт. Шампионот на Норвешка кој пред неколку пред месеци ја понижи италијанска Рома со 6:1, едвај успеа да го елиминира првакот на Фарски Острови со вкупни 4:3 по двата меча.

Екипата на Клаксвик продолжи во квалификациите од Конференциската лига, каде што за ривал го доби првакот на Црна Гора, Сутјеска. На хартија Црногорците беа фаворити, но на теренот првакот на Фарски Острови беше многу подобар. Првиот дуел заврши без голови, а на вчерашниот реванш во Фарските Острови, домаќинот победи со 1:0 и се пласира во следната фаза од Конференциската лига.

И дека фудбалот на Фарски Острови добива на квалитет, доказ е и екипата на Б36 Торшавн, кога вечерва ќе се обиде да се избори за продолжување во Конференциската Ллга. Б36 Торшавн гостува кај Три Фиори во Сан Марино и има предност од 1:0 по првиот меч. Ако успее да ја задржи оваа предност, Фарски Острови ќе имаат два клуба во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Никогаш претходно Фарски Острови немале два претставника во трето претколо од европските купови.

- Оглас -

Најнови вести