Фати повторно се повреди и нема да игра против Столе Димитриевски

Ансу Фати несомнено важи за еден од најголемите светски таленти во фудбалот, но никако да крене глава од повреди.

Талентот на Барселона само што закрепна од долгата повреда поради кинење на менискусот, сега повторно има повреди.

Тој нема да му биде на располагање на тренерот на овој тим, Роналд Куман, поради проблеми со десното колено и поради тоа ќе го пропушти вечерашниот натпревар (19:00 часот) против Рајо Валјекано на Столе Димитриевски.

Останува да се види колкава е сериозноста на повредата на младиот играч на Каталонците кои имаат голема мака со отсуствата поради повредите на своите играчи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести