Фати влезе во голгетерска серија и донесе нови бодови за Барса (видео)

Барселона со сигурни 3-0 на гостувањето кај Селта во Виго ја запиша втората победа во низа во Ла Лига. Каталонците на крилјата на младиот Ансу Фати го задржаа максималниот учинок кој го постигна третиот овосезонски гол во два меча.

Фати на асистенција на Кутињо погоди уште во 11-тата минута, а пред паузата, тимот на Куман остана со 10-мина играчи на теренот откако Ленгле во дваесетина минути заработи два жолти картони.

И со играч помалку, Барса зголеми на 2-0 со помош на автоголот на Олаца во 51-вата минута, додека во последните моменти од мечот Роберто им стави крај на сите дилеми.

https://www.youtube.com/watch?v=FlCOrD664FE&feature=youtu.be

- Оглас -

Најнови вести