Терим гледаше на таблет и чекаше судиска грешка: Галатасарај го загуби дербито против Бешикташ (ФОТО)

Екипата на Бешикташ со 2:1 го победи Галатасарај во големото турско дерби кое се одигра во рамките на 10-тото коло.

Иако гостите поведоа со 0:1 благодарение на погодокот на Александру Кикалду во 35-тата минута, следуваше експресен одговор, и тоа преку Канаѓанецот Кајл Ларин.

Истиот фудбалер во 64-тата минута најдобро се снајде по една мешаница од корнер и му ја донесе победата на Бешикташ. Интересно е што за оваа ситуација тренерот на гостите, Фатих Терим, покрај својата клупа имаше поставено таблет на ко што гледаше евентуални спорни ситуации.

Такво нешто имаше во корист на неговиот тим, кога во 81-вата минута Мустафа Мохамед не успеа да реализира пенал.

 

- Оглас -

Најнови вести