Екипите кои ја имаа фаворитската улога пред почетокот на вечерните дуели во Лига на шампиони, успешно си ја завршија работата. Јувентус во Торино со 2:0 славеше над Бенфика и тоа благодарение на головите на Тирам и Мекени во второто полувреме. На свој терен победи и Челзи против Пафос, но многу потешко од очекувањата. Лондонскиот тим го скрши отпорот на кипарскиот првак дури во 78 минута кога погоди Каиседо.
Баерн во Минхен со 2:0 го победи Ројал Унион а двата погодоци ги даде кој друг ако не Хари Кејн и тоа во 52 и 55 минута. Њукасл на свој терен со 3:0 славеше над ПСВ Ајндховен.
На гости успешни беа Барселона и Ливерпул. Каталонскиот гигант со 4:2 славеше во Прага над Спарта, а Ливерпул со 3:0 го победи Олимпик во Марсеј. На гостински терен славеше и Атлетик Билбао кај Аталанта во Бергамо и тоа со 3:2.

