Фаворитите ќе немаат проблеми во НБА

8397 Оклахома сити тандер – Голден стејт ворирорс (НБА, 02:00 часот)

Голден стејт по враќањето на Клеј Томпсон игра во одлична форма и во моментов се наоѓа во серија од седум едноподруго победи.

Таа се очекува да биде продолжена против Оклахома бидејќи домаќините се еден од најслабите тимови оваа сезона во НБА и имаат прилично неискусен состав.

Од друга страна, за Воините освен Дрејмонд Грин, сите останати поважни играчи се на располагање, што значи дека ќе гледаме „бомбардирање“ на кошот на Оклахома.

Предлог тип: 2 со хендикеп, -12.5 (1.95)

 

8430 Јута џез – Њујорк никс (НБА, 03:00 часот)

И на оваа средба имаме изразит фаворит, а тоа, секако, се домаќините. Јута се надева дека сезонава конечно ќе успее да освои НБА-титула.

Сепак, Џезерите одат натпревар по натпревар, а следен на листата е Њујорк.

Во моментов тие се четврти на Западот, а за вечерашната средба под знак прашалник се Руди Гобер и Џо Инглс, додека кај Њујорк нема да игра Дерек Роуз.

Гостите на последните пет средби имаат четири порази и тоа е јасен знак за нивната лоша форма во овие моменти.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -8.5 (1.95)

 

8429 Чикаго булс – Феникс санс (НБА, 02:00 часот)

Чикаго е еден од најинтересните тимови за следење во оваа сезона бидејќи имаа одлични засилувања. Иако за вечерва ќе бидат без Лонзо Бол, се чини дека неоправдано се потценети.

Феникс е финалист од минатата сезона и во своите редови ги има Крис Пол и Девин Букер, но Чикаго не смее никако да се потцени, особено на домашен терен.

Веруваме дека домаќините нема да загубат со повеќе од осум поени, а похрабрите можат да пробаат и да одиграат победа на домаќинот, што ќе добијат квота од 3.25.

Предлог тип: 1 со хендикеп, 7.5 (1.91)

 

8201 Отава сенаторс – Њу Џерси девилс (НХЛ, 01:00 часот)

И двата тима се соочуват со недостаток на играчи поради повреди, но и покрај тоа, имаат доволно квалитетни ростери за да гледаме возбудлив и ефикасен натпревар.

Интересно е што последните три средби на овие екипи завршиле нерешено, односно победникот бил решен по продолженија (2:2, 3:3, 3:3), па тие што се авантурсти на поголеми квоти можат да пробаат да одиграат нерешено, за што ќе добијат квота од 4.35.

Но, ние ќе одиме на варијантата да видиме најмалку шест погодоци во регуларните 60 минути.

Предлог тип: >5.5 (1.60)

 

8374 Вашингтон визардс – Мајами хит (01:00 часот)

Мајами полека, но сигурно го комплетира ростерот откако веќе подолг период неколку ѕвезди мака мачат со повредите.

За средбата против Вашингтон е најавено враќање на терените на Тајлер Хиро и Џими Батлер, додека кај домаќините ќе го нема најдобриот поединец Бредли Бил.

Гостите се први на Истокот и во серија од две победи, додека Визардс по добриот старт на сезоната, сега играат очајно и се на 11-тата позиција во оваа конференција, а на последните пет натпревари имаат само една победа.

Предлог тип: 2 со хендикеп, -5.5 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести