Федерер: Не размислувам за стотката додека е Ѓоковиќ во игра

Роџер Федерер се врати по стартниот пораз од Кеј Нишикори и го освои првото место во својата група на завршниот тениски мастерс во Лондон и има шанса да ја освои јубилејната 100-та титула во кариерата.

Првиот обид, во Париз пред две недели, да стаса до стотката заврши со пораз во полуфиналето од Новак Ѓоковиќ, а Федерер вели дека и сега не размислува за јубилејниот пехар сè додека Србинот е во игра.

„Не сакам да си правам притисок, сакам да бидам возбуден што ја чекам стотата титула. И сè додека е Новак во игра, далеку сум од целта“, вели Федерер.

Досега големиот тениски маг има 99 трофеи од АТП-турнирите, а за него би било прекрасно стотката да ја освои во Лондон, на турнирот каде што учествуваат најдобрите 8 тенисери во сезоната.

Лондон за него е посебно место, бидејќи во главниот град на Англија, но на еден поинаков турнир, на Вимблдон има најмногу Гренд слем титули. Од вкупно 20, што е најдобар биланс во историјата на тенисот, 8 му се освоени на терените на „Ол-Ингланд“ клубот.

Во полуфиналето на завршниот мастерс Федерер би можело да игра против еден од триото тенисери, Ѓоковиќ, Зверев или Чилиќ, а противникот ќе се знае по денешните последни дуели во втората група.

- Оглас -

Најнови вести