Федерер не заборава, едно прашање го расплака великанот (Видео)

Роџер Федерер не го заборави својот прв тренер и ментор Питер Картер, а едно прашање на новинарката на Си-Ен-Ен (CNN) го расплака големиот тениски ас.

„Што мислиш што би ти рекол Питер и како би размислувал сега кога имаше освоено 20 гренд-слем титули“, го праша новинарката швајцарскиот ас, а Федерер не можеше да ги задржи солзите.

„Се надевам дека ќе се гордееше со мене и со моите успеси. Тој ми беше прв тренер и не можам да го заборавам. Можеби неговата смрт ме предизвика посериозно да тренирам. Не сакав да бидам пропаднат талент“, изјави Федерер.

Картер загина во сообраќајна несреќа во 2002 година во Јужна Африка, на патување со својата сопруга. Медениот месец испадна трагичен за животот на Австралиецот, кој го пронајде тениското чудо од Базел и го научи на првите тениски чекори.

Федерер како што е познато е рекордер по бројот на освоени гренд-слем титули и ги има точно 20.

- Оглас -

Најнови вести