Федерер се мачи, ама турка некако на Вимблдон

Роџер Федерер се мачи на Вимблдон, но сепак остана во игра за подвиг и за 21-та гренслем круна, откако вечерва го победи Камерон Нори со 3:1 во сетови.

Ветаранот ќе полни 40 години на 8. август, а во осминафиналето на Вимблдон ќе игра против италијанскиот тенисер Лоренцо Сонего. Против Нори денеска ги доби првите два сета со по 6:4 икога се чинеше дека брзо ќе го елиминира Британецот, во третиот сет го загуби клучниот гем и го загуби сетот со 5:7.

Сепак класата на 20-кратниот гренслем шампион дојде до израз во финишот на четвртиот сет кога Федерер направи брејк, а потоа на свој сервис го заврши мечот.

Сонего лесно го победи Дакворт со 3:0 во сетови, а понатаму одат и Беретини, Ивашка, Хуркач, Зверев и Оже-Алијасим.

- Оглас -

Најнови вести