Федерер се запрепасти по одлуката да се откаже Вимблдон

Денес се донесе одлука да се откаже Вимблдон наместо да се оддложи додека трае пандемијата со Коронавируот. Најпопуларното тениско првенство е трето според распоредот на сезонските Гренд слем турнири, меѓутоа за првпат по 75 години нема да се одржи.

Оваа вест го разочара тенискиот виртуоз Роџер Федерер. Вимблдон му е најомилениот Гренд слем на Швајцарецот ако се знае дека во кариерата го освоил осум пати, па на  „Твитер“ објави дека не постои „ГИФ“ со кој може да образложи како се чувствува во моментов.

Напоредно донесена е одлука сите тениски турнири кои се играат на трева да се суспендираат до 13 јули.

- Оглас -

Најнови вести