Феенорд не најде клуч за автобусот на Мурињо, Рома одигра на резултат и слави!

Рома влезе во историјата на европскиот клупски фудбал како прв освојувач на новоформираното натпреварување, Конференциска лига. Римската Волчица во финалето во Тирана го совлада Феенорд со 1-0, со гол на Николо Ѕаниоло.

Ѕаниоло кој има 22 години и 327 дена, стана најмлад Италијанец после Алесандро Дел Пјеро од 1997 година кога имаше 22 години и 200 дена, кој постигнал гол во финале од некое европско натпреварување.

За Рома ова беше трето европско финале во натпребарувањата на УЕФА, и прва победа. Феенорд има европски трофеј од 2002 година, и не успеа на 20-годишнината да се закити со нов.

Тренерот Жозе Мурињо сега има пет европски трофеи во три различни натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести