Феенорд пак ќе тргне од „Иброкс парк“ кон европски пехар

Холандски Феенорд повторо ќе гостува на „Иброкс парк“ во Глазгов и по цели 17 години пауза ќе игра со Ренџерс во меч кој за нив буди убави спомени.

Вечерва Феенорд пак ќе тргне од добропознатото место за нив и среќно откако во 2002 година во осминафиналето го елиминираа Глазгов ренџерс во двомеч и потоа го освоија пехарот во тогашниот Куп на УЕФА.

Сега ситуацијата многу наликува на бајката од 2002 година, кога Феенорд не беше фаворит, но стигна до пехарот победувајќи ги по Ренџерс и ПСВ Ајндховен, Интер и Борусија Дортмунд.

УЕФА купот се преименува во Лига на Европа, Феенорд повторно не е во првиот ред на фаворити за титулата, а малку порано, овојпат во премиерен меч во фаза по групи, ќе игра со Глазгов ренџерс во главниот град на Шкотска.

Во 2002 година беше 1:1, а потоа во Холандија на легендарниот „Де Кајп“ во Ротердам, Феенорд славеше со 3:2 и си го отвори патот до финалето и пехарот.

Вечерва ќе има уште една реприза на две фудбалски легенди, сега во улога на тренери на двете екипи. Стратегот на домаќините Стивен Џерард како играч на Ливерпул биеше жестоки битки во Премиер лигата со стоперот на Манчестер јунајтед, Јап Стам, сега во улога на тренер на Феенорд.

 

- Оглас -

Најнови вести