Фенербахче го најде вистинскиот пат во „Зелената шума“

Фенербахче ја врати предноста да игра на домашен терен во евентуална мајсторка со победа во Каунас вечерва и води со 2:1 во победи во четвртфиналето на Евролигата.

Турскиот претставник славеше со 66:57 и успешно најде излез од „Зелената шума“, каков што е прекарот на Жалгирис.

Домаќините имаа предност од 34:31 на полувремето, но не издржаа докрај, па поквалитетните гости го вратија брејкот што Жалгирис го направи во вториот меч во Истанбул и водат со 2:1.

Во меч со многу малку кошеви најефикасен беше Марко Гудуриќ со 17 поени, а кај Фенербахче само уште Јан Весели имаше двоцифрен број поени, точно 10.

Кај домаќините само Волтерс ја мина двоцифрената граница и постигна 16 поени.

 

 

- Оглас -

Најнови вести