1398 Гранада – Бетис (19.00 часот)
Ова е мало андалузиско дерби во кое двата клуба ќе играат и за престиж, поразите од сосед не се пријатни. Гранада е тим кој уште нема нерешен резултат сезонава, трите бода од шест кола се премалку, затоа се претпоследни на табелата. Бетис има шарени резултати, по две победи, порази и ремија, тој е тим со помалку дадени, но и помалку примени голови во споредба со Гранада. Бетис победи на последното гостување во Гранада во 2021 година, а пред тоа трипати по ред губеше на овој терен.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.02)
1953 Фенербахче – Башакшехир (19.00 часот)
Најдобрите шампионски денови на Башакшехир веќе се минато, реалноста е сосема поинаква. Во петте кола овој тим има само една победа, а четири порази. Од друга страна, Фенербахче има максимални 15 бода по пет меча и ќе води битка за титулата. Фенер има примено само три гола, а Башакшехир има дадено скромни три гола во првите пет кола, затоа примамливо ни делува играта дека домашните ќе победат без примен гол.
Предлог тип: 1 сигурна (2.21)
1633 АЗ Алкмар – Хераклес (20.00 часот)
АЗ Алкмар одлично ја почна сезоната во домашното првенство и да не беше оној луд пресврт во Мостар, кога по 0-3 загуби 3-4 од Зрински, ќе може да каже дека има перфектен старт на сезоната. АЗ Алкмар во петте досегашни меча извојува пет победи и во просек дава по три гола на натпревар. Хераклес има мини-серија од два меча без победа. АЗ на последните 17 меѓусебни мечеви против Хераклес секогаш дава барем два гола.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.64)
3722 Џенова – Рома (20.45 часот)
Гостувањето кај Џенова е добра прилика за Рома да освои три бода и да фати приклучок кон средина на табелата, но не би било изненадување ако средбата заврши нерешено. Џенова во последните три кола освои само еден бод, а Волчицата е тим кој во петте досегашни кола постигна 12 гола, но има собрано само пет бода. Последните четири меѓусебни дуели на овие екипи завршуваа со 0-2 гола. Последната победа на Џенова над Рома беше во 2014 година.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.15)
1448 Осасуна – Атлетико Мадрид (21.30 часот)
По победата над Реал, Атлетико е во еуфорија и фаворит е против Осасуна, но далеку од тоа дека трите бода се загарантирани. Осасуна е во криза, загуби трипати во последните пет кола. Осасуна уште нема победа дома сезонава, а Атлетико не ги победиле во Памплона цели девет години. Од 2016 наваму, Атлетико ги доби сите гостувања кај Осасуна и притоа Осасуна на тие меча има дадено само еден гол.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.02)