Феникс се појави и прв го порази Пелистер по топ-серија од 15-0

Феникс е првата екипа што успеа да го победи лидерот Пелистер во домашното кошаркарско првенство и со триумф од 73:70 успеа да ја сопре серијата на битолчани од 15 победи по ред.

Бојан Трајковски со 19 поени и Марин Петков со 17 беа лидери кај домашната екипа, која приреди подвиг и освои значајни бодови во битката за позициите што водат во плејофот.

Пелистер најави нова победа и водеше со 23:18 по првата четвртина, но на лидерот му се слули голем пад во вториот период од 10 минути.

Кошаркарите на Феникс се разбудија и го декласираа гостинот со 23:9, па на одмор по првото полувреме заминаа со предност од 41:32.

Пелистер ги доби следните две четвртини, односно второто полувреме, но надополни само шест поени и не успеа да ја продолжи победничката серија.

Во финишот успеаја да се приближат на три поени разлика, 73:70, но немаше време за целосен пресврт.

Стојан Ѓуровски со 17 поени беше најефикасен во поразениот табор, а битолчани останаа лидери на табелата со биланс 15-1, пред МЗТ Скопје со 13-3 и Гостивар со 11-5.

Феникс ја забележа деветтата победа, а има и шест порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести