Ферари го претстави болидот „СФ90“ за новата сезона во Формула 1

Италијанскиот тим во Формула 1 Скудерија Ферари го претстави новиот болидот со кој Себастијан Фетел и Чарлс Леклерк ќе се натпреваруваат во новата сезона. Името на моделот е „СФ90“, во чест на 90-годишнината од постоењето на Ферари.

Во новата сезона италијанскиот тим повторно ќе има еден од најбрзите болиди, а со помош на Себастијан Фетел ќе се обидат да ја освојат 16-тата светска титула, односно 17-та во конструктори. Но, за тоа ќе треба да го тргнат од тронот актуелниот светски првак Луис Хамилтон, кој со својот Мерцедес доминира во изминативе две години.

Новата сезона во Формула 1 започнува на 17-ти март, со трката за Големата награда на Австралија, додека претходно тимовите ќе ги тестираат болидите во Барселона. Првиот тест ќе се одвива од 18-ти до 21-ви февруари, додека вториот тест ќе биде од 26-ти февруари до први март.

- Оглас -

Најнови вести