Ферари подготвен да даде 40 милиони фунти за Хамилтон

Седумкратниот светски првак Луис Хамилтон во следната сезона може да го промени клубот за којшто ќе вози. Според најавите, британскиот возач има понуда вредна 40 милиони фунти да влезе во болидот на Ферари.

Хамилтон има договор со Мерцедес до крајот на сезоната, а потоа е без ангажман. Според медиумите во Англија, постојат две опции околу тоа како Хамилтон би возел во Ферари следната година. Првата е да биде партнер со Шарл Леклер, а Карлос Саинц да си замине и да бара нов клуб, додека втората е да се направи рокада, односно Леклер да замине во Мерцедес, а Хамилтон да дојде во Ферари и да биде тимски колега со Саинц.

Во Ф1 кариерата, Хамилтон започна како возач на Мекларен, а потоа во 2013 година се пресели во тимот на Мерцедес, со кој и доминираше освојувајќи седум титули, па сега е на делба на рекордот на легендарниот Михаел Шумахер.

- Оглас -

Најнови вести