Фердинанд со најуникатна честитка за роденденот на Роналдо (Видео)

Кристијано Роналдо денеска го слави 36-тиот роденден, а илјадници честитки пристигнаа на адреса на Португалецот. Од сите оние кои одвоија време да му честитаат на Роналдо, најуникатна беше честитката на некогашниот англиски репрезентативец и екс соиграч на Кристијано, Рио Фердинанд.

Рио и Роналдо играа заедно во Манчестер јунајтед, период во кој Кристијано се развиваше во светска ѕвезда која блеска повеќе од 15 години на светската сцена. На едно интервју, Фердинанд и Роналдо во друштво со Андерсон, беа запрашани од новинарот за тоа кој е најдобриот играч на сите времиња според нив.

„Марадона“, рече Фердинанд, а потоа следуваше истото прашање и за Роналдо. Португалецот без грам двоумење одговори „Јас сум најдобриот играч на сите времиња“, а потоа се слушна гласно смеење од останатите. Сега, после повеќе од 10 години од тоа интервју, Фердинанд реши да потсети на одоговорот на Роналдо и само напиша „Тој знаеше“…

 

- Оглас -

Најнови вести