Ференцварош непоразен го напушти „Максимир“ (видео)

Динамо Загреб и Ференцварош ремизираа при конечни 1-1 во првиот дуел од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Модрите ја разочараа публиката на „Максимир“ која посакуваше триумф за да направат исчекор кон плејоф фазата, додека унгарскиот првак може да се задоволни со резултатот, особено со значајниот гол на гости.

Домаќините рано го отворија мечот, по одличниот соло продор на Олмо кој го круниса со гол во седмата минута, но Динамо не издржа во вториот дел, па Стогер ги постави конечните 1-1 на половина час до крајот на средбата во Загреб.

Во пресрет на реваншот кој е закажан за седум дена, тимот на нашиот репрезентативец Аријан Адеми ќе мора да избори позитивен исход или ќе се збогува со групите во најелитното европско натпреварување.

https://www.youtube.com/watch?v=-uG5yvGCyuU

https://www.youtube.com/watch?v=YHua-Bj1X1k

- Оглас -

Најнови вести