Фереро ја продава Сампдорија, сака да го купи Палермо

Претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро, одлучил да го продаде клубот од Џенова, и парите да ги инвестира со купување на Палермо, чиј дрес во претходните две сезони го носеа Илија Несторовски и Александар Трајковски.

„Веќе некое време се обидувам да ја продадам Сампдорија. Јас сум човек од акција, сакам тоа пто го направив во Џенова, да го направам и во Палермо, така сицилијанците ќе бидат мирни. Секогаш сум бил заљубен во Палермо. Тоа е град кој многу помогна во мојата филмска кариера. Навикнат сум на големата сцена и ќе се обидам да направам сè, за клубот да го вратам таму каде што му е местото“ – вели Фереро, кој е и филмски продуцент.

Фереро додаде дека е во контакт со бизнисменот Сарио Мири кој лани вложи три милиони евра во Палермо за да го спаси од банкрот. Палермо е во тешка ситуација, исфрлен е од втора лига, а му се заканува преселба и во Серија Д.

- Оглас -

Најнови вести