Фереро се пофали: Ја продадов Сампдорија за 140 милиони евра

Масимо Фереро веќе не е сопственик на Сампдорија и како што изјави, го продаде клубот за 140 милиони евра. Новиот купец и сопственик сè уште не е објавен, но долго време се преговараше со Вијали груп, фирма со седиште во Хамбург.

Фереро дојде на чело на Сампдорија во јуни 2014 година, и тоа бесплатно, во период кога клубот имаше 15 милиони евра долгови и успеа да создаде солиден тим, кој е стандарден калчолигаш.

Во 2018 година против него и уште пет луѓе обвинителството во Џенова покрена истрага откако од касата на Сампдорија на мистериозен начин исчезнаа 1,2 милиони евра од продажбата на Педро Обијанг, случај што ја забрза постапката за продажба на клубот.

Фереро најави дека има желба да инвестира во друг клуб, а меѓу топ кандидатите е Палермо, клуб кој е преселен во четвртата италијанска лига од ова лето.

 

- Оглас -

Најнови вести