Фернандес стави крај на репрезентативната кариера: Им благодарам на Бог и на Путин!

Марио Фернандес одлучи веќе да не игра репрезентативен фудбал. Дефанзивецот на ЦСКА Москва е натурализиран Русин и сака да се фокусира на клупскиот фудбал.

„Наскоро ќе наполнам 31 година и планирам да играм уште три сезони. Ми станува тешко да играм на два фронта, зачестија повредите, ми треба повеќе одмор. Не жалам што одлучив да играм за Русија, а не за Бразил. Му благодарам на Бог што ми ги отвори вратите во ЦСКА и Русија, а благодарен сум му и на претседателот Путин, кој ми даде државјанство. Чест ми беше што играв за Русија“, објасни Фернандес, кој за Русија одигра 33 меча откако дебитираше за националниот тим во 2017 година, а на СП 2018 стигна до четвртфиналето.

 

- Оглас -

Најнови вести