Фернандо Сантош не може да го издржи притисокот, Португалија ќе има нов селектор

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, не може да го издржи притисокот од јавноста и критиките што го означија како главен виновник за елиминацијата во четвртфиналето на Мундијалот од Мароко и ќе си замине.

Сантош нема повеќе да биде селектор на Европските Бразилци, а се бара фин начин за разделба со Португалската фудбалска федерација и репрезентација.

Проблем е што Сантош е застапуван од фирмата за маркетинг и менаџмент „Фемакоса“ и има важечки договор до 2024 година, што би значело дека ќе треба да му се плати отштета за предвремен раскин на договорот и сумата не е мала.

Сантош има годишна плата од 2,5 милиони евра, што би значело дека ќе треба да му се плати отштета од најмалку 4,5-5 милиони евра за следните две години, како што најавуваат и португалските медиуми.

Застапникот „Фемакоса“ бара да се исплати целата сума, Сантош сака да се договори со Федерацијата за помал износ, па се очекува расплет на ситуацијата со португалскиот селектор на заминување.

 

- Оглас -

Најнови вести