Ферстапен е фаворит за пол-позицијата на Емилио Ромања

Квалификациите за трката за Големата награда на Емилио Ромања која ќе се вози на патеката „Енѕо и Дино Ферари“, ќе се одвиваат денес попладне (15 часот), на кои Макс Ферстапен повторно ја има фавотиската улога да ја освои пол-позицијата.

Возачот на Ред бул тргна од највисоката позиција во првата овосезонска трка која се возеше во Бахреин, меѓутоа Ферстапен му ја препушти победата на актуелниот светски првак Луис Хамилтон.

Токму Британецот е втор фаворит според квотите во Sport Life. Хамилтон лани триумфираше на оваа патека, иако пол-позицијата му припадна на тимскиот колега Валтери Ботас, па затоа нема да се разочара доколку и денес не извози најбрзо време.

Трката е предвидена за утре исто така во 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести