Верстапен е победник на првата спринт трка во историјата на Ф1

Холанѓанецот Макс Верстапен трумфираше на првата квалификациска спринт трка во историјата на Формула 1. Возачот кој е лидер во генералниот пласман, уште еднаш ја покажа доминацијата, победувајќи, иако стартуваше од втората позиција.

По одличниот старт, Верстапен успеа да го помине Луис Хамилтон, додека третото место го освои Валтери Ботас.

За победата на оваа Спринт трка, Верстапен заработи дополнителни три бода во генералниот пласлан, додека Хамилтон ќе добие два бода, а Ботас еден бод.

Холанѓанецот ќе стартува и од пол позицијата на утрешната главна трка на патеката Силверстоун што се вози за Големата награда на Велика Британија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести