Ферстапен едноставно нема конкуренција, ја забележа седмата победа по ред

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја забележа седмата победа по ред, односно деветта оваа сезона, откако победи и на трката за ГН на Унгарија која се возеше на патеката Хунгароринг во близина на Будимпешта.

Холандскиот возач тргна од втората позиција, но само после неколу секунди се најде во водство, откако го мина Хамилтон кој беше на пол-позицијата, и таа позиција суверено ја чуваше до крајот на самата трка.

https://twitter.com/F1/status/1683125303692992513?s=20

Втората позиција му припадна на Ландо Норис од Мекларен, додека подиумот го комплетира Перес од Ред Бул.

На четвртата позиција заврши Луис Хамилтон, на кого не му беше доволна ниту пол-позиција за да стигне до пласман на подиумот. Пласман во бодови обезбедија и Пиастри, Расел, Леклер, Сајнц, Алонсо и Строл.

Во Формула 1 шампионатот следува летната пауза, а следната трка ќе се вози на 27-ми август кога на програмата е трката за ГН на Балегија на славната патека Спа Франкошамп.

- Оглас -

Најнови вести