Ферстапен најбрз, но доби казна од десет места, па Леклер ја има пол-позицијата на „Спа“

Шарл Леклер на Ферари ќе стартува од пол – позицијата на патеката „Спа“ на утрешната трка за Големата награда на Белгија. Тој иако беше второпласиран според резултатот, ја доби пол-позицијата откако Макс Ферстапен е казнет со десет позиции поради промена на моторот на болидот. Инаку, актуелниот шампион беше убедливо најбрз на дождливите услови во квалификациите.

Веднаш до Леклер ќе биде Серхио Перез, а потоа следуваат Луис Хамилтон на Мерцедес и Ландо Норис на Мекларен.

Од третиот ред на утрешната трка ќе стартуваат Оскар Пјастри (Мекларен) и Џорџ Расел (Мерцедес).

- Оглас -

Најнови вести