Фетел и Хамилтон се ривали во Формула 1, но вечер ќе навиваат за ист тим

Луис Хамилтон и Себастијан Фетел се најуспешните пилоти во Формула 1 во последната деценија, тие се лути ривали во битката за титулата во тој автомобилски спорт, но кога станува збор за фудбалот од Лигата на шампионите, овие шампиони вечерва ќе бидат на иста страна.

Хамилтон и Фетел се во низата поддржувачи на Барселона. Иако е Англичанец роден во Стивениџ, Хамилтон не би сакал англискиот тим да оди во финале. Освен пилотите на Ф1, палци за Барса ќе стискаат и Џастин Бибер, Коби Брајант, Лејди Гага, Шакира, итн.

Во редот на познати навивачи на Ливерпул се: тенисерката Каролина Возњацки, пејачките Лана Дел Реј и Мелани Си, актерите Бред Пит, Даниел Крег и Лијам Нисон, кошаркарот Леброн Џејмс, итн.

На раперот Снуп Дог сеедно му е кој ќе биде финалист во ЛШ. Тој во минатото има демонстрирано дека двата тима му се симпатични, па кој и да слави, нема да има ништо против.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести