ФФМ и општина Аеродром ќе градат репрезентативен стадион

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини истакна дека како институција се подготвени за изградба на нов стадион, на средбата со градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

„Секогаш велам дека нас, како Фудбалска федерација на Македонија, ни треба стадион. Ние ќе бидеме носители на проектот, но добредојдени се локалната самоуправа, државата и сите останати кои можат да помогнат“ изјави Сејдини и додаде.

„Нѐ радува искрената желба и отвореноста за помош и поддршка од општина Аеродром и градоначалникот Муцунски за започнување на еден ваков голем проект. Ова беше првичен состанок, но сигурен сум дека соработката со општината ќе биде одлична. Верувам дека заеднички ќе создадеме услови да започнеме со проект кој ќе биде обележје на едно време“.

Градоначалникот на Аеродром, пак, Тимчо Муцунски изјави: „Наша обврска како општина е да се обидеме да придонесеме за напредок на спортот и фудбалот во општината и токму тоа е целта и на нашата денешна посета на „Куќа на фудбалот“.
„Инфраструктурата останува засекогаш. Верувам дека таквата политика на Федерацијата ќе трае. Со претседателот на ФФМ, Сејдини разговаравме за изградба на репрезентативен стадион во општина Аеродром и во блиска иднина верувам дека ќе започнеме со активности. Нашата општина ќе помогне во рамки на своите можности да биде вистински партнер во изградба на репрезентативен стадион кој ќе биде гордост на Аеродром и целата држава“.
- Оглас -

Најнови вести