ФФМ има визија со 7 стратешки столбови да го направи фудбалот спорт број 1 во Македонија (Фото)

Фудбалската федерација на Македонија има визија во период од пет години со примена на 7 стратешки столбови да ја промовира најважната споредна работа и фудбалот да го направи најпопуларен спорт во нашата земја.

Денеска претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и Генералниот секретар Филип Поповски со мотото „Обединети од фудбалот“ ги преставија стратешките цели во петгодишен план.

„Сакаме да ја искористиме позитивната клима што ја имаме во фудбалската игра благодарение на успесите на националната репрезентација за уште подобри услови и успеси во иднина. Планот ни е до 2025 година на успешен начин да го промовираме фудбалот и најпопуларната игра на светот да биде спорт број 1 и во Македонија. Нашето фудбалско семејство никогаш не било поповрзано и во име на ФФМ ќе се бориме фудбалот без компромис да оди напред“, истакнаа Сејдини и Поповски.

Седумтте стратешки столбови што треба да донесат уште подобра промоција на фудбалот и успеси на клупски и на репрезентативен план се:

Имиџ и вклученост

Партиципација

Натпреварувања

Елитен фудбал

Приходи

Инфраструктура

Добро раководење

Меѓу главните планови на ФФМ до 2025 година е да изгради три стадиони, по еден од втора, трета и четврта категорија и плус уште четири комплетни нови терени.

Првиот голем предизвик е бараж-мечот со Италија на 24 март што ќе се игра во Палермо, во дополнителните квалификации за настап на Мундијалот во Катар што ќе се игра оваа година во ноември и во декември.

Победникот од овој дуел ќе ѝ гостува на Португалија или Турција на 29 март, во нокаут-меч за учество на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести