ФИБА го објави датумот на кој Македонија ќе ги дознае противниците за квалификациите за СП

Само 12 репрезентации од Европа ќе се најдат на Светското првенство во кошарка, кое ќе се игра во 2023 година во Индонезија, Јапонија и Филипини. Ова ја прави тешка задачата на македонскиот национален тим кој вечерва обезбеди место во квалификациите во кои ќе учествуваат 32 селекции од Стариот Континент.

Преку претквалификации, во квалификациите влегоа Македонија, Белорусија, Исланд, Летонија, Црна Гора, Португалија, Словачка и Шведска. Од претходно, место имаа загарантирано 24-те земји кои ќе играат на ЕП во 2022 година. Тоа се Белгија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Израел, Италија, Литванија, Полска, Холандија, Русија, Србија, Словенија, Шпанија, Турција, и Украина.

Ждрепката ќе се изврши на 31 август во 12 часот.

- Оглас -

Најнови вести