ФИБА и НБА креираат професионална лига во Африка

Асоцијацијата на НБА во соработка со ФИБА, ќе формираат професионална лига во Африка која треба да започне со натпреварување на почетокот од 2020 година. Планот е да учествуваат 12 екипи од земјите Ангола, Кенија, Мароко, Нигерија, Рванда, Сенегал, Јужна Африка и Тунис, а секоја од земјите ќе може да има максимум по два претставници.

„Ова е природна експанзија со заедничка иницијатива. Африканска лига е следниот чекор кон континуирано развивање на овој спорт ширум светот. Користејќи ја кошарката како економско гориво посветени сме да создаваме нови прилики на афричкиот континент“, истакна комесарот на НБА лигата, Адам Силвер.

Во текот на оваа година ќе се одржат квалификации за да се добијат првите 12 учесници. Како што откри комесарот Силвер, два светски бренда веќе воспоставија контакт да бидат генерални спонозори на новоформираното првенство, тоа се „Пепси“ и „Ер Џордан“ на Најк, а и поранешниот претседател на САД, Барак Обама, исто така ќе има улога во оваа операција.

 

- Оглас -

Најнови вести