ФИФА го претстави логото за СП 2026, фановите непријатно изненадени од аматеризмот (Фото)

Светската фудбалска федерација, ФИФА, не го положи испитот во врска со изработката на лого за следното Светско првенство, кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, барем така мисли мнозинството навивачи.

Откако ФИФА го претстави логото, по социјалните мрежи има само негативни коментари и веќе е прогласено за најлошо во историјата на мундијалите.

На логото е бројот 26 (ќе биде 26-то СП и ќе се игра во 2026 година) и во средина пехарот за светскиот првак. И толку. Коментарот кој доби најмногу лајкови е дека изгледа ова лого е направено во програмот „Пеинт“ за неколку минути.

- Оглас -

Најнови вести