Претседателот на Наполи во свој стил: „Сакаат да си одат? Слободно!“

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, го коментираше статусот на белгиските репрезентативци Кевин де Бројне и Ромелу Лукаку, кои наводно размислуваат за заминување од редовите на поранешниот италијански шампион.

Триесет и четиригодишниот Де Бројне неодамна изјави дека не е задоволен од заминувањето на сега веќе поранешниот тренер Антонио Конте и дека сака разговор со раководството околу својата иднина. Исто така, се шпекулира дека и Лукаку е подготвен да ја промени средината.

Сепак, Де Лаурентис не покажа загриженост околу можните заминувања.

„Де Бројне и Лукаку? Да видиме што ќе каже новиот тренер за нивната иднина.“

„Ако сакаат да си заминат, во што е проблемот? Во светот има толку многу фудбалери“, изјави Де Лаурентис во свој препознатлив стил.

Наполи во моментов минува низ период на промени по заминувањето на Конте, а новиот тренер ќе има значајна улога во одлуките околу иднината на клучните играчи во тимот.

- Оглас -

Најнови вести